Jeлена Карлеуша отворено зборува за деталите од бракот со Душко, за нивниот начин на функционирање на далечина, како и за неверството.
Јелена изјави дека на својот сопруг му простила многу повеќе прељуби отколку тој на неа. Во нивниот брак секогаш имало кризи, но тие кризи биле секогаш успешно надминати, па така таа се надева дека ќе го надминат и ова.
–Душко од мене добил милион нови шанси да стави крај на брачните неверства, но ние жените дефинитивно сме многу толерантни, а и големи будали. Јас не сум ни сигурна дека тој може да престане да изневерува, изјави Карлеуша.
Таа исто така откри и дека не и е во план да се разведе, без оглед на сите случувања кои ги доживеала со сопругот откако се појавија нејзини видео снимки и фотографии со фудбалерот Огњен Врањеш.
-„ Јас верувам во тоа дека сопружниците треба да останат во брачна заедница најмногу заради своите деца, без разлика на тоа какви кризи се случувале во тој брак“- вели Јелена.
Истакна и дека постои љубов која е безусловна и безвременска, но таа љубов дефинитивно не е помеѓу маж и жена. Тоа е љубовта која мајката ја има спрема своите деца, а се друго е пролазно.
Јелена сеуште тешко ја поднесува см*тта на нејзината мајка. За неа вели дека не заминала и никогаш нема, таа е тука со неа секој нејзин здив и секое чукање на срцето. Постојано е во нејзините мисли и живее низ неа. Тие две биле толку многу поврзани што таа никако не може да замине, а љубовта меѓу нив не може никогаш да престане.