Многу познати личности вчера и денес се опростуваат од митрополитот црногорско приморски Амфилохије, а меѓу нив се многу пејачи, политичари, спортисти и јавни личности од регионот.
Една од нив е и пејачката Оља Карлеуша која вчера сподели фотографија со митрополитот кој вчера почина во Клиничкиот центар во Подгорица каде од 6 октомври се лекуваше од коронавирусот.
Зборовите на пејачката која лично го познаваше него растажи многу нејзини фанови.
-Сите зборови се мали и без значење, напиша таа под фотографијата.