Пејачката Катарина Грујиќ ужива во својата љубов со фудбалерот Марко Гобељиќ, а се чини дека го прифатила неговото семејство.
Често се шпекулираше за врската на Кача со родителите на нејзиниот иден сопруг, па пејачката сега на сите им стави до знаење што мисли за нејзиниот свекор.
Кача сега објави фотографија со таткото на Марко и му го честиташе роденденот.
– Среќен роденден на најдобриот свекор- напиша Катарина на Инстаграм, со фотографија со таткото на нејзиниот партнер.
Да потсетиме, Катарина и Марко неодамна се верија. Пејачката наводно е бремена, но таа информација се уште не ја потврди.