недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кавгата меѓу Чарли Шин и продуцентот Чак Лоре е минато – еве што подготвуваат заедно

Кавгата меѓу Чарли Шин и продуцентот Чак Лоре е минато – еве што подготвуваат заедно

Американскиот глумец Чарли Шин, се чини, се помирил со продуцентот Чак Лоре, создавачот на „Два ипол мажи“ кој го отпушти сред таа култна серија.

Според наводите, Шин добил улога во претстојната хумористична серија во подготовка – „Како да се биде обложувач“ (How to Be a Bookie), што ќе се емитува на стрим-сервисот „Ејч-би-о макс“. Серијата, создадена од Лоре, а во која глуми комичарот Себастијан Манискалко, беше најавена лани во октомври и првично ќе има осум епизоди.

Шин, инаку, глумеше во исклучително популарната серија „Два ипол мажи“, што Лоре ја создаде заедно со Ли Аронсон. Комичарот тогаш беше еден од најплатените ТВ-глумци, но поради несоодветното однесување на Шин, цела низа скандали, тепачки со продуцентите и борба со зависноста, режисерот Лоре реши „да го убие“ неговиот лик и да го отстрани од серијата.  (МИА)

Најнови вести