Драган Којиќ Кеба е во пензија и во иднина ќе добива по 46.000 динари месечно.
Фолкерот лани наполни 65 години и тогаш веќе имаше право на пензија, но барањето до Фондот го достави дури во февруари 2022 година. Како што дознаваат српските медиуми, одлуката ја добил неодамна.
Во образложението пишува дека го наполнил условот за возраст и дека неговата месечна пензија, која ќе ја добива во два дела, ќе изнесува нешто повеќе од 46.000 динари.
Покрај Којиќ, меѓу славните има и други пензионери, еве колку пари земаат тие: Саша Поповиќ (700 евра), Злата Петровиќ (35.000 динари, плус пензија од Австрија 800 евра), Нада Обриќ (16.000 динари), Хасан Дудиќ, Бора Ѓорѓевиќ (народна пензија), Нада Топчагиќ (35.000 динари), Раде Јоровиќ (25.000 динари), како и актерите Богдан Диклиќ, Лаза Ристовски, Воислав Брајовиќ и други.