вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кејт Мидлтон ѝ го презела принцот Вилијам на оваа дама (ФОТО)

Кејт Мидлтон ѝ го презела принцот Вилијам на оваа дама (ФОТО)

Пред да ја запознае Кејт Мидлтон, принцот Вилијам бил во љубовна врска со пријателка од детството Арабела Мусграв, пишува во книгата „Вилијам и Хари: Зад ѕидовите на палатата“ авторката Кејти Никол.

Арабела му „паднала в око“ на младиот принц за време на една забава која ја организирал со својот брат Хари во подрумот на кралскиот имот. Арабела и Вилијам се познавале уште од детството, но кога ја здогледал на споменатата забава, веднаш му се допаднала, бидејќи, според зборовите на авторката, доста се сменила.

Како што е запишано во биографијата, Арабела и Вилијам пиеле и танцувале до раните утрински часови, а потоа и спиеле заедно. Цело лето биле неразделни, а добиле и благослов од принцот Чарлс.

Меѓутоа, Вилијам заминал на факултет од кој, како што наведува авторката на книгата, сакал да се откаже токму поради љубовта кон Арабела. Сепак, тогаш ја запознал Кејт и Арабела останала во неговото минато.

Најнови вести