петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ги „засукаа“ ракавите и замесија леб (ФОТО)

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ги „засукаа“ ракавите и замесија леб (ФОТО)

Што ни приготвија сега најпопуларните членови на британското кралско семејство? – Леб и пецива! Едноставен и прилично неочекуван одговор, нели?

Нив попрво би ги виделе опкружени со послуга, во кралска улога и должност. Кејт Мидлтон и принцот Вилијам навистина покажаа дека пандемијата не успеа да ги фати неспремни. Ова е нивното прво јавно појавување од јули.

Ги засукаа ракавите и замесија леб и најразлични пецива во познатата пекара„Бејгл Бејк“. Нивната идеја беше да прикажат како луѓето се справуваат за време на пандемијата со коронавирусот.

Двојката приготви и неколку еврејски рецепти и се сретна со муслимански волонтери кои помагаат за време на пандемијата. Двајцата ги следеа здравствените протоколи што моментално важат – миеја раце и цело време носеа заштитни маски. Кејт Мидлтон беше особено вешта и снаодлива во кујна.

-Да почекаме да го видиме резултатот! Досега имав среќа, сега секое ми е сѐ понеуспешно, се смееше војводката.

Пекарата мораше привремено да ослободи дел од своите вработени, но учествуваше во разни добротворни акции со донирање храна.

Сопственикот и коосновач Амнон Коен беше воодушевен од кралската посета.

-Овде сме веќе 41 година. Ви благодарам што дојдовте, рече 70 годишниот Амнон Коен.

Двојката исто така пристојно се поздрави со двајца вработени во пекарата, од кои едниот работи за господинот Коен повеќе од 30 години.

Амнон Коен изјави дека добро се справуваат за време на пандемијата и ако се случи да мораат повторно да ја затворат пекарата, ќе бидат поподготвени и за таква ситуација.

По посетата на пекарата „Бејгл Бејк“, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се состана со волонтери за да помогнат во дистрибуцијата на лекови и намирници во соседството.

Најнови вести