понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кејт Мидлтон решена: Еве каде сака да го роди третото дете

Кејт Мидлтон решена: Еве каде сака да го роди третото дете

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон синот Џорџ (4) и ќерката Шарлот (2) ги роди во лондонската болница Св. Мари без никакви компликации.

Мидлтон истакнала дека има желба третото дете да го роди во Кенсингтон палатата или во куќата каде живее во принцот Вилијам.

-Разговараше за тоа со Вилијам и ја има неговата поддршка. Двајцата сметаат дека би било убаво за семејството таа да се породи дома, особено за Џорџ и Шарлот, вели пријател на парот.

Вилијам и Кејт веруваат дека на тој начин ќе ја избегнат гужвата пред болницата која била по двете нејзини породувања.

-Сметаат дека тоа ќе биде и во ред и кон другите пациенти во болницата. Нивните семејства и пријатели не смееја да гии посетуваат како претходно, додава семејниот пријател.

Тие биле сигурни дека породувањето дома ќе биде помирно .

Мидлтон сакала дома да се породи и со Шарлот, но кралското семејство инсистирало таа да се породи во истата болница каде принцезата Дајана ги родила Вилијам и Хари. Војвојтката била предупредена дека кралското семејство не сака да ризикува со девојчето која е четврта во редот за престолот.

Третото дете Мидлтон треба да го роди во април, а полот се уште не е познат. Обожавателите на кралското семејство мислат дека таа носи машко бидејќи Кејт била облечена во сино кога се објавила веста за нејзината бременост.

Најнови вести