петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кејт Мидлтон секоја година на Вимблдон носи моден детал кој има скриено значење

Кејт Мидлтон секоја година на Вимблдон носи моден детал кој има скриено значење

Секоја година, многу познати личности присуствуваат на тенискиот натпревар во Вимблдон, меѓу кои и војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон.

Оваа недела се очекува Кејт Мидлтон да се појави на трибините на Вимблдон и таа сигурно како и секоја година ќе стигне до сите насловни страници поради беспрекорните модни изданија.

Нејзините стилисти детално ги избираат парчињата кои Кејт ги носи на познатото тениско натпреварување, а постраствените фанови на војвотката од Кембриџ сигурно забележале еден моден детаљ што Кејт го носи на Вимблдон од година во година, пренесува express.co.uk.

Станува збор за зелено-виолетова машна што Кејт ја носи на реверот и е дел од кралскиот додаток, како и симбол на кралското покровителство.

Како што се испостави, машната не е само симпатичен детал што се вклопува во нејзината гардероба, туку е симбол на покровителството на Кејт над англискиот „Lawn Tennis & Croquet Club“, кој доаѓа од самата кралица.

Војвотката го доби ова покровителство од кралицата Елизабета Втора бидејќи очигледно е голем љубител на тенисот.

Најнови вести