четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кејт Мидлтон со детаљ кој го носела принцезата Дијана се појави пред сопругата на Зеленски – немаше кој не го забележа на нејзината рака (ФОТО)

Кејт Мидлтон со детаљ кој го носела принцезата Дијана се појави пред сопругата на Зеленски – немаше кој не го забележа на нејзината рака (ФОТО)

Принцезата од Велс, Катрин – Кејт Мидлтон во Бакингемската палата се сретна со првата дама на Украина, Олена Зеленска, пред денешниот погреб на кралицата.

Инаку, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на погребот ќе го застапува нејзиниот сопруг, кој не можеше да дојде во Лондон за да присуствува на церемонијата. Во комбинација со едноставен црн фустан, Кејт на состанокот со Олена носеше бисерна нараквица, којашто некогаш ѝ припаѓала на Лејди Дијана – мајката на принцот од Велс, Вилијам.

Принцезата Дијана ја носеше истата нараквица додека беше на посета во Хонг Конг со нејзиниот тогашен сопруг, принцот Чарлс. Нараквицата му била предадена на принцот Вилијам по смртта на Дијана, а тој подоцна ѝ ја подарил на својата сопруга Кејт.

Кејт ја носеше бисерната нараквица неколкупати изминативе неколку дена, а последен пат на ручекот одржан за генералните гувернери на Комонвелтот во Бакингемската палата.

Најнови вести