Принцезата од Велс за првпат се појавила на овогодишниот Вимблдон. Кејт (41), а со својот моден избор ги засенила сите. Имено, таа на вториот ден од турнирот носела блејзер со зелена боја на ментол, преку бел плисиран фустан.
Многумина коментирале дека овој блејзер со бели ревери и копчиња, потсетувал на стилот на принцезата Дијана. Носела и мала бела чанта кога пристигнала во AELTC (All England Lawn Tennis & Croquet Club), каде што е и покровителка.
Инаку, сакото е со потпис на брендот „Balmain“, чија цена е околу 2100 долари. Кејт својот изглед го комплетирала со аксесоари во бела боја, кожни салонки и чанта Mulberry, како и фини обетки од комбинација на злато и бисери.
Очекувано, нејзините темни локни биле совршено средени, а принцезата за таа прилика одлучила да ја пушти косата.
Кејт потоа го зазела своето место на теренот 18 и се чинело дека пристигнала сама, односно дека ниту еден член од нејзиното семејство не бил со неа. Таа го следела мечот помеѓу врвната британска тенисерка, Кејти Болтер, која играла против Австралијката Дарија Савил. Натпреварот бил прекинат поради дожд.
Нејзиниот блејзер одговарал на зелената нијанса од вимблдонскиот чадор, кој морала да го држи накратко, додека таа, како и останатите навивачи, се засолнувала од лондонскиот летен дожд.
Принцезата Кејт е редовен посетител на тениските турнири, а особено обрнува внимание на натпреварите од раните кругови, на кои се појавуваат таленти во подем. Таа најверојатно ќе се врати во финалето на последниот викенд од двонеделниот настан.
Како и секоја година, Кејт на сакото носела виолетова машна, што претставува повеќе од моден детаљ. Тоа е симбол на покровителството на Кејт над англискиот „Lawn Tennis & Croquet Club“, кој доаѓа од самата кралица. Кејт го добила ова покровителство од кралицата Елизабета Втора, бидејќи била голем обожавател на белиот спорт.