Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон наводно е вознемирена поради документарната серија на Нетфликс „Хари и Меган“, особено затоа што била многу блиска со принцот Хари.
Сасексите не поштедија никого во документарецот, вклучувајќи го и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.
– Кејт се чувствува повредено и изневерено од тоа што и го направи Хари, особено што беа многу блиски, објаснил извор за Us Weekly.
Додека многумина очекуваат официјална реакција од кралското семејство за документарецот, медиумите објавија дека Вилијам „не планира отворено да се одмазди“. Тој и понатаму е достоинствен и продолжува со својата работа, откриваат упатените.
И покрај тоа што се свесни за документарецот, принцезата и принцот од Велс не го гледале, објаснил изворот.
Отуѓениот пар зборувал за Вилијам во неколку наврати за време на документарната серија. Меѓу другото, Хари го обвинил дека го прекршил наводниот договор да не објавуваат приказни еден за друг во печатот. Тој, исто така, се осврнал на извештајот за кавга со него од 2020 година, тврдејќи дека не се согласил да објават заедничка изјава.
– Никој не ми побара дозвола да го стави моето име на изјавата, изјави војводата од Сасекс.
Меган одби да го критикува Вилијам, но јасно ги разјасни своите чувства кога неговата секретарка и даде изјава за сведок во последен момент во нејзината тужба во 2021 година поради објавувањето на приватното писмо до нејзиниот татко.
-Тоа е твојот брат. Нема да кажам ништо за твојот брат, но јасно е, му рече таа на Хари.
Сасексите го напуштија кралското семејство во јануари 2020 година. Тие сега живеат во Калифорнија со своите две деца; синот Арчи (3) и ќерката Лилибет (1).