Американската пеачка Кејти Пери и актерот Орландо Блум, присуствуваа на премиерата на серијата „Carnival Row“ во Лос Анџелес. На премиерата Кејти и Орландо позирале пред собраните фоторепортери и разменувале нежности и бакнежи. Освен што блескале од среќа, парот го покажа и својот атрактивен изглед. Пеачката се појави во долг, тесен, розов фустан, додека Орландо имаше син костум.
Обожувачите на парот забележале дека стомакот на кејти е поголем од вообичаено, па веднаш почнало да се шушка дека парот го очекува своето прво бебе.