Ќерката на Брус Вилис, Талула, проговори за приватниот живот на филмската ѕвезда по неговата дијагноза за деменција и откри како тој ги поминува деновите дома.
Брус Вилис (68) се бори со фронтотемпорална деменција, а неговото семејство најави дека тој ќе „отстапи“ од својата долгогодишна кариера. Неговата ќерка објасни дека тој сè уште можел да ја препознае кога доаѓала на гости.
Актерката зборуваше за магазинот Vogue и сподели детали за нејзиниот татко и неговата состојба.
-Деновиве, со сигурност можете да го најдете татко ми на првиот кат од куќата, некаде во големата кујна со отворена, трпезаријата и дневна соба или во неговата канцеларија. За среќа, деменцијата не влијаела на неговата подвижност. Таа канцеларија отсекогаш била еден вид прозорец кон она што најмногу го интересирало во секое време, рече Талула.
-Неодамна најдов таму парче хартија на кое тој напишал, едноставно, „Мајкл Џордан“. Би сакала да знам што мисли тој, додала таа.
Рекла и дека Вилис секогаш пуштал музика и дека собата била исполнета со работи кои ги собирал со години.