четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ќерката на Стив Џобс не може да го поднесе ова: Испливаа папарацо фотографии од поранешното момче на Ева Џобс и Селена Гомез

Ќерката на Стив Џобс не може да го поднесе ова: Испливаа папарацо фотографии од поранешното момче на Ева Џобс и Селена Гомез

Пејачката Селена Гомез повторно е заљубена и не се одвојува од своето ново момче, музичарот Ендрју Тагарт, член на познатото дуо „The Chainsmokers“.

Парот се труди својата врска да ја држи далеку од очите на јавноста, меѓутоа, американските папараци веќе ги фотографирале додека се забавувале во куглана.

Откако беа објавени фотографиите, поранешната девојка на Тагарт, 24-годишната Ева Џобс, најмладата ќерка на покојниот Стив Џобс, го избриша својот Инстаграм профил на кој претходно беше многу активна.

Инаку, својата врска со Тагарт, Ева ја започна минатото лето, но истата не траеше долго.

Членот на популарните „Chainsmokers“ набрзо продолжил понатаму и тоа со Селена, која од 2017 година, кога прекина со Д Викенд, немаше врска, барем не позната за јавноста.

Најнови вести