Пејачката Кети Пери повеќе не е најследената жена на Твитер, а титулата и ја зема нејзината колешка Ријана.
Според страницата за следење на социјалните медиуми Social Blade, Ријана е четврти најследен профил на Твитер со 108.276.704 следбеници наспроти Кети Пери која има 108.267.246 следбеници и моментално е на петтото место.
На прво место е директорот на Твитер, Илон Маск со 134,3 милиони следбеници, а по него се поранешниот американски претседател Барак Обама и пејачот Џастин Бибер.
Кога станува збор за другите најследени профили, фудбалерот Кристијано Роналдо е на шестото место, а пејачката Тејлор Свифт на седмото.