Пејачката Кети Пери (36), која минатото лето ја пречека својата ќерка Дејзи Дејв со својот свршеник Орландо Блум (44), одлучи дека бричењето на нозете по раѓањето на бебето веќе не е на нејзината листа на приоритети.
Имено, во неделната епизода на „Американски идол“, каде што е член на жирито, и рече нешто на натпреварувачката Касандра Колман што шокираше многумина:
– Вашиот глас е духовно искуство. Тој е од друг свет, тој е ангелски. Како нова мајка, немам многу време, па престанав да ги бричам нозете. Но, кога пееше, влакната на моите нозе се искачија за пет сантиметри. Чувствував трнење по целото тело! Беше неверојатно – рече Кети Пери.
Таа дури и им ги покажа влакната на своите колеги од жирито, ставајќи ги нозете на масата во средината на шоуто.
Пејачката подоцна објави анимирана слика со влакнести нозе на Твитер и напиша:
„Вистински поглед на моите нозе кога ќе ја слушнам Касандра како пее“, се шегуваше Пери со себе.
„Зошто мораше да го каже ова на ТВ?“, „Добро, ми се допаѓаш, но не претерувај“, „Дали навистина сакаме да го знаеме ова?“, „Таа мисли дека ова е кул?“, се само неколку од многуте коментари за Кети Пери.
Пејачката призна дека да се биде мајка е најдобрата работа на светот, но дека кога ќе станете мајка, сите други работи стануваат помалку важни.
– Мислам дека почнуваш да разбираш некои работи кога ќе станеш мајка … Едноставно треба да се фокусираш да бидеш мајка. И тоа не е затоа што не сакаш други луѓе, туку едноставно затоа што сакаш да бидеш добар родител – објасни пејачката.