Кристина Кија Коцкар без проблем одговори на сите прашања од Инстаграм во емисијата „Амиџи шоу“.
Ја прашаа дали правела некој естетски зафат за подигнување на градите, а таа тогаш откри дека има тумори, но дека состојбата не е страшна.
-Не, кога ќе се породам ќе видам каква ќе биде состојбата. Сè уште имам тумори, но тие се бенигни, не би чепкала ништо таму. Одам на преглед еднаш годишно, сè е во ред. Затоа не би менувала ништо. Кога ќе се породам еден ден, ќе видиме во која насока ќе оди. Сакам да имам природни, но еден ден можеби ќе треба да направам некој зафат. Имам навистина големи гради за моето тело и добар задник. Но, јас немам долги нозе, тоа е единственото што го немам, рече Кија