Киjану Ривс се враќа во улогата на познатиот ловец на демони во долгоочекуваното продолжение на „Константин“.
Глумецот потпишал договор со продукциската компанија „Ворнер брос“ и режисерот Френсис Лоренс, кој повторно ќе седне зад камерата на приказната за демонологот од стриповите на „ДЦ“. Сценариото е на Акива Голдсман.
Првиот филм „Константин“ излезе 2005 година, тогаш со Рејчел Вајс покрај главниот лик. Засега се знае само дека Питер Стормер ќе ја повтори улогата на сатаната – Луцифер. Продолжението е во претпродукција.
Занимливо е што режисерот Џ.Џ. Абрамс се сложил да работи на ТВ-серија за Константин којашто требаше да се емитува на стрим-сервисот „Ејч-би-о макс“, но според новите наводи, тој се откажал од проектот по веста за снимањето на филмот.
Инаку и Мет Рајан го глумеше стрип-херојот Константин во истоимената серија на каналот „Ен-би-си“.