четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

КИКИ РАХИМОВСКИ ОТКРИ ПО ШТО ЌЕ ГО ПАМЕТИ СВОЈОТ ТАТКО Тие работи се незаборавни…

КИКИ РАХИМОВСКИ ОТКРИ ПО ШТО ЌЕ ГО ПАМЕТИ СВОЈОТ ТАТКО Тие работи се незаборавни…

Заминувањето на легендарниот пејач Аки Рахимовски е тажна вест која го потресе целиот регион, а пред неколку дена беше одржана комеморација на која колегите и пријателите се потсетија на спомените на непрежалениот музичар.

Синот на Аки, Кристијан Рахимовски, искрено проговори за смртта на својот татко и откри дека засекогаш ќе остане запаметен по љубовта што му ја всадил и неговите заеднички концерти, објави хрватски „Дневник“.

– Тие работи се незаборавни и ќе ги чувам како спомен на татко ми затоа што сите луѓе кои го сакаа и сета таа љубов што ни ја даваше сите овие години е нешто што ми дава една силна порака, мене лично, а се надевам и на другите луѓе – изјави тој за „Ин магазин“.

Блискиот соработник и пријател на Аки, Хусеин Хасанефендиќ Хус, додал дека извесно време го насетувал најлошото.

– Тешко е да се прифати, тоа е толку ненадејно, иако имав претчувство, бидејќи Аки не беше човек кој премногу се грижи за себе. Тој едноставно животот го доживуваше како полигон за испробување брзи возила. Никогаш не се штедеше, никогаш не знаеше да ја рационализира и распореди енергијата што ја има, изјавил за хрватски „Дневник“.

Најнови вести