недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ким Кардашијан мора да плати вртоглава казна за рекламирање: Јасно е – еве како го прекршила законот

Ким Кардашијан мора да плати вртоглава казна за рекламирање: Јасно е – еве како го прекршила законот

Американската реалити ѕвезда се договори со американската Комисија за хартии од вредност да плати 1,26 милиони долари казни за промовирање на криптовалутата Етериум на Инстаграм минатата година и необјавување дека е платена за тоа.

И покрај фактот што реалити ѕвездата и претприемач не сакаше да ја признае вината, таа се согласи да не промовира криптовалути во следните три години.

Кардашијан, чие богатство се проценува на 1,8 милијарди долари, ја рекламираше криптовалутата Етериум на нејзиниот профил на Инстаграм во јуни 2021 година и изјави дека тоа е маркетинг промоција.

Цената на криптовалутата подоцна скокна за 632 отсто по поддршката што ја доби од неа и од други познати личности, како што се боксерот Флојд Мејведер и кошаркарот Пол Пирс. Сепак, вредноста на Етериумот опадна по некое време и многу сопственици останаа со безвредни криптомонети.

Иако Кардашијан тврдеше дека тоа е реклама, тоа не беше доволно за регулаторите, кои рекоа дека таа мора да им каже на своите следбеници точно колку е платена за промоцијата.

Шефот на комисијата, Гери Генслер, објави и видео на Јутјуб во кое објаснува зошто е важно за федералната агенција доколку познатите личности промовираат криптовалути и други хартии од вредност.

– Законот е јасен. Секое лице кое промовира криптовалути мора да ја открие природата, изворот и износот на компензацијата добиена во замена за рекламирање. Инвеститорите треба да знаат дали промоцијата е пристрасна или не, потенцираат од Комисијата за хартии од вредност.

За огласот на Кардашијан и биле платени 250.000 долари, кои ќе треба да ги врати со дополнителни 10.000 долари камата. Згора на тоа, милион долари е парична казна што треба да ја одврати од вакви идни деловни потфати.

Најнови вести