Кандидатурата на раперот Канје Вест за претседателските избори во Америка во ноември не беше прифатена во Охајо, одлучи Врховниот суд на таа сојузна држава.
Со едногласна пресуда, судот утврди дека републичкиот државен секретар, Франк Лароуз, постапил во согласност со законот кога тој отфрлил скоро 15 000 потписи и други документи доставени од раперот.
Како причина Лароуз ги наведе неконзистентните информации во документите за собирање потписи.
Адвокатите на раперот во Охајо поднесоа жалба, тврдејќи дека е должност на Лароуз да прифати било каква кандидатура за независен кандидат сè додека нема жалби против таа апликација и освен ако не се прекрши законот во Охајо.