Американскиот рапер Канје Вест преку Инстаграм ја обвини својата поранешна сопруга Ким Кардашијан дека се обидела да киднапира едно од нивните деца.
Оваа вест деновиве ја користат многумина за да ја нападнат најпознатата старлета.
Раперот по разводот не успева да ја прифати новонастанатата ситуација, па неодамна се закануваше на нејзиниот нов партнер, комичарот Пит Дејвидсон.
-Цела Америка те виде како се обидуваш да ми ја киднапираш ќерката на нејзиниот роденден, со тоа што не ми ја даваш адресата на прославата, напиша Вест со фотографија од изјавата на Ким во која се обидува да објасни дека нејзината ќерка користи ТикТок под надзор.
-Донесовте обезбедување во куќата додека си играв со син ми, а потоа таа ме обвини за кражба. Морав да се тестирам по забавата на ќерка ми бидејќи ме обвини дека се дрогирам, додал раперот.
Објавите подоцна ги отстрани од својот Инстаграм профил.