сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ким Кардашијан се разведува, овие работи не можеше да му ги прости на својот сопруг

Ким Кардашијан се разведува, овие работи не можеше да му ги прости на својот сопруг

Шпекулациите дека Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг раперот Канје Вест се разведуваат сега се официјални, бидејќи старлетата поднела барање за развод, пишуваат американските медиуми.

Двајцата се во брак седум години и имаат четири деца. Како и да е, поради несогласувањата што беа чести во бракот последниве години, Ким реши да се разведе од раперот и секој посебно да продолжи со својот живот.

Според „ТМЗ“, таа побарала заедничко правно и физичко старателство над нивните деца.

Ким и Канје не живеат заедно неколку месеци, а како што изјави извор близок на раперот, тој е потполно сам затоа што страда за својата сопруга и се уште се надева на помирување.

Да потсетиме, расправиите во нивниот брак започнаа во пролетта, кога раперот реши да се кандидира за претседател на САД. Потоа изнесе интимни детали од бракот со Ким, на што таа особено се налути.

Најнови вести