Мерилин Монро наводно ја родила ќерката Гладис Бејкер Морис, а татко на детето е поранешниот американски претседател Џон Кенеди со кој се шпекулира дека имала страствена љубовна романса.
Тврдењата на гинекологот на Монро кој пред многу години изјави дека Мерлинка по два абортуси во јуни 1961 година родика ќерка, би можеле да го потврдат постоењето на Гладис Бејкер Морис.
Таа покренала судска постапка со оглед на фактот дека најголем дел од животот го минала верувајќи дека е потомок на познатата актерка, односно ќерка на нејзина роднина, Медерит Бејкер.
Во март 2014 година Мередит на смртната постела и признала на својата ќерка дека е посвоена и дека всушност е плод на забранета љубов меѓу Мерилин Монро и Џон Кенеди.
-Ми кажа дека Мерилин се плашела дека браќата Кенеди ќе ја убијат и неа и детето ако дознаат за бременоста, па се породи во тајност и набрзо по раѓањето ме сокрила, открила Гладис.
Откако пронашла документи дека навистина е посвоена, таа е при крај со постапката за докажување роднинска врска со еден од најинтригантните парови во историјата
Доколку со ДНК се докаже дека таа е навистина ќерка на Мерилин Монро и Џон Кенеди се проценува дека ќе добие 100 милиони долари богатство од актерката кое секоја година се зголемува за неверојатни пет милиони.