сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ќе се мажи најубавата скијачка на светот (ФОТО)

Ќе се мажи најубавата скијачка на светот (ФОТО)

Линдзи Вон (34), која ја заврши кариерата на крајот на минатата сезона, објави дека се свршила со хокејарот Пи Кеј Субан, со кого е во врска две години

Двојката ја потврди свршувачката за магазинот „Вог“.

– Веднаш знаев дека е различен. Но, бидејќи бев претходно во брак, многу се воздржував од размислување дека можам да најдам некој со кој би можела повторно да се омажам. По неколку месеци заедно, знаев дека тоа е тој. Ме прави среќна, тој е многу позитивен и полн со енергија“, изјави вчера пензионираната скијачка.

Субан ја побарал за жена минатиот месец во нивниот заеднички дом во Лос Анџелес со прстен од смарагд.

– Го купив прстенот и решив да ја побарам за жена дома. Сè беше наместено тој ден. Беше полна Месечина. Знаев дека нема да сака да го сторам тоа додека беше во пижами, но имаше деловна средба тој ден, па беше облечена – рекол Субан.
Двајцата се запознале во 2017 година, кога почнале да се дружат. Линдзи беше во брак со Томас Вон од 2007. до 2013 година.

Најнови вести