Познатата пејачка Маја Беровиќ била нападната во Виена по својот настап во еден ноќен клуб.
Имено непознат маж на средни години и се заканил на пејачката дека ќе ја убие, а потоа му се заканил и на нејзиниот сопруг.
Нејзиниот фан доаѓал на секој нејзин настап, а Маја повремено му оставала и карти за сите нејзини настапи, но потоа тој и праќал слики од нејзините станови во Виена и Белград, по што пејачката многу се исплашила, објавува „Свет“.
-Маја многу се уплаши бидејќи тој и се заканувал дека ќе ја убие нејзе и себе, па по овие пораки таа му рекла на својот сопруг да не му дозволува да и се приближи на настапот, нејзиниот фан потоа сакал и фотографија со пејачката зад сцената, по што извадил и нож, а Маја изреагирала како што треба за да не дојде до инцидент, вели изворот за српски „Свет“.
Нејзиниот сопруг дискретно повикал обезбедување, а за неколку минути тие го совладале него, а пејачката останала недопрена, додава изворот.