Како што пишуваат британските медиуми принцот Вилијам случајно го откри полот на детето кое се очекува да се роди овој месец.
Имено принцот Вилијам се пошегува како на своето дете ќе му го даде името по фудбалерот Џек Грилиш на Астон Вила, чиј голем фан е токму принцот.
-Морам да инсистирам дека бебето ќе се вика Џек, рече принцот во една прилика.
Секако овој одговор следи по завршување на фудбалскиот меч кој го следеше принцот и во кој победи неговиот омилен клуб, па медиумите не го сфаќаат сериозно.
Инаку како навистина ќе се вика бебето и дали овој негов одговор е навистина вистински ќе дознаеме до крајот на овој месец.