Познанството на Клеопатра и Михајловиќ почнало на денот кога Владан Лукиќ се појавил пред јасновитката со фотографија од тимот на Црвена звезда, а се е опишано и објавено во книгата.
За една недела ќе доживее несреќа, по што ќе има сериозни проблеми дома – наводно му рекла Клеопатра на Лукиќ покажувајќи кон Михајловиќ.
Синиша одбил да верува во зборовите на „јасновитката“ кои му ги пренел Лукиќ, но само четири дена подоцна доживеал сообраќајна несреќа додека со другар се враќал од дискотека. Во нив удрил автомобил зад чиј волан возачот заспал, но за среќа, поминале без посериозни повреди. Сепак, по несреќата, Михајловиќ се сетил на „предвидувањето“.
Во меѓувреме почнаа семејните проблеми. Михајловиќ не се чувствувал добро, па за време на викендот, кога неговите родители доаѓале во Белград, често се карал со нив. Тогаш неговиот татко се пожалил дека има проблеми со несоница, па сето тоа заедно влијаело славниот фудбалер на Црвена звезда да го надмине скептицизмот и да се обрати за помош кај Клеопатра:
Твојата сопруга ти фрлила магија – му рекла Клеопатра на играчот на нивната прва сесија.
По совет на јасновитката, Михајловиќ го прегледал неговиот стан, а покрај едниот ѕид нашол крпа во која биле завиткани клинци и гранчиња околу кои имало влакна.
Сето ова е поради кавга со семејството и пријателите. За неа тие се непријатели. Не ја пуштајте во куќата и не прифаќајте никакви подароци од неа – бил советот што Михајловиќ го добил од Клеопатра.
Во својата книга Михајловиќ набројува дел од нејзините пророштва:
– Твоите родители никогаш нема да се вратат во родниот град. (За време на војната го напуштиле родното Борово). Некој од вашето семејство ќе носи униформа. (Брат офицер).
– Ќе имаш многу деца, повеќе од четири, но едно од нив нема да живее со тебе. (Најстариот син на Михајловиќ Марко живее со мајка му, додека има пет деца од бракот со Аријан).
– Ќе играте во Италија и ќе останете таму уште долго. На 50 години тешко ќе се разболите. Но, ќе ја победите болеста и тогаш ќе постигнете голем успех.