Ќерката на пејачот Шабан Шаулиќ, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа, пејачката Илда Шаулиќ, зборуваше за татковиот тестамен за кој се појавија доста шпекулации во српските медиуми.
Во последните денови се појавија гласини дека синот на пејачот, Роберт Омаљев има докази кои ќе ги покаже на суд и со истите ќе ја побие волјата на Шабан и дека вдовицата на Шаулиќ нема да може да го спречи тоа.
-По смртта на татко ми не им се јавувам на новинарите и не давам интервјуа. Не знам за што пишуваат. Каков тестамент, се уште не е во постапка. Не сакам да коментирам ништо, рече Илда за српски Пинк.рс.
На крајот од минатиот месец Роберт изјави за локалните медиуми дека долго време размислувал што треба да направи во врска со оваа ситуација.
-Сите ми кажуваат дека имам право на сопственост, односно дека нема разлика меѓу другите деца на Шабан и мене, рече Роберт во таа прилика.