Пејачката Драгана Мирковиќ со години ги криеше децата од медиумите. Дури неодамна и синот Марко и ќерката Мануела ги отклучија своите страници на Инстаграм и дозволија на домашната јавност да види како изгледаат и како живеат.
Мануела неодамна го прослави полнолетството, дипломираше, објави слики од одморот, а сега покажа каков автомобил вози. Вистински ЅВЕР!
Се работи за Mercedes GT 63 AMG S со препознатливи таблички DON на нејзиниот татко Тони Бијелиќ, кој чини околу 190.000 евра.
Таткото на Мануела и Марко е роден во Австрија како Антоније Бјелиќ, од родители со српско потекло, а се уште живее и работи во Виена со сопругата и децата.
Тој се занимава со бизнис во автомобилската индустрија, поседува салон за автомобили, автомобилска компанија Мајбах, како и градежни компании и телевизија ДМ Сат.