Реалното шоу „Задруга 3“ започнува на 6-ти септември во 21 часот. Некои од имињата на учесниците се чуваат во строга тајност, но српските медиуми откриваат дека во палатата влегува ќерката на починатата македонска ѕвезда Есме Реџепова.
Станува збор за 28-годишната Елеонора Мустафовска.
Пред само неколку месеци, таа влезе во музичките води и го издаде својот прв сингл.
Таа настапува под уметничкото име Малиша.
– Не само што ме научи да пеам, туку и ми помогна да ја пронајдам смислата на животот. Гордa сум што ја имам покрај мене. Таа ме научи за хуманост и како едно големо срце може да донесе светлина во сечиј живот, рече Елеонора за Есма во 2016 година.