Познатата српска пејачка која е ќерка на кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ деновиве е во центарот на вниманието во јавноста поради купувањето на нејзиниот нов луксузен дом.
Имено по смртта на нејзиниот татко семејството едвај се враќа во нормалното секојдневно функционирање, а најмногу од ненадејната смрт на пејачот се чини дека е погодена неговата сопруга која се уште е изолирана од сите и постојано е дома.
-Новиот дом сопругот на Илда го купи за 400 илјади евра, но овој дом верувајте дека е два пати поубав од оној кој го купи Александра Пријовиќ за 530 илјади евра. По својата структура, но и по материјалот од што е правена, домот е најквалитетен од сите. Ѕидовите на оваа куќа се 70 сантиметри дебели, вели сопственикот на домот кој го продаде неодамна на пејачката.
Тој вели и дека домот има 400 метри квадратни, таа е на три ката и поседува неколку тераси, како и базен на покривот.