среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ќерката на Том Круз наполни 13 години, а тој сè уште не сака да ја види (ФОТО)

Ќерката на Том Круз наполни 13 години, а тој сè уште не сака да ја види (ФОТО)

Сури Круз е ќерка на популарните глумци Том Круз и Кејти Холмс, а пред неколку дена наполнила 13 години. Прославата поминала без појавување на нејзиниот татко Том, кој веќе шест години одбива да ја види и има било каков контакт со неа.

Сури беше фотографирана со пријателките како излегува од ресторан во Њујорк во кој го славела роденденот. Таа и нејзиниот татко заедно ги поминале годините само додека била мала, после што ја напуштил објаснувајќи дека неговата вера во саентологија не му го дозволува тоа.

Сури расте без својот татко, кој не го видела последните шест години. И покрај тоа што во животот ѝ недостига фигурата татко, Сури е весело девојче кое е опкружено со љубов од остатокот од семејството.

Том Круз е инаку еден од најголемите следбеници на оваа вера, која многумина ја нарекуваат култ. Тој во повеќе наврати истакнал дека саентолошкото учење во животот многу му помогнало и дека е горд на таа религија. Во целата таа приказна го воведе неговата прва сопруга Мими Роџерс, а поради таа религија му пропадна бракот со Кејти Холмс.

Неговата опседнатост со оваа религија многумина ја сметаат за чудна, а глумецот ретко се огласува за својот приватен живот, така што сè уште не е познато дали тешко го поднесува фактот што не комуницира со ќерката.

 

Најнови вести