Ќерката на Жељко Митровиќ, Кристина Митровиќ од секогаш била стилизирана од глава до пети, а за тоа сведочат и нејзините фотографии на социјалните мрежи.
Последна во низа фотографија е од еден ресторан каде позира во златна комбинација која совршено и одговара со крзнената чанта од познатиот бренд „Диор“.
Модната комбинација која таа ја сподели на Истаграм е речиси сон на многу девојки, особено чантата која ни повеќе ни помалку, на попуст во овој момент чини 3.665 евра, додека вистинската цена се движи околу 6.300 евра.
Инаку Кристина е свршена за милијардерот од Русија Илија, а со него често споделува како ужива во вистински луксуз, се возат во приватни авиони и посетуваат егзотични дестинации низ целиот свет.