Ќерката на Жељко Митровиќ, Кристина Митровиќ ужива во луксуз кој речиси ретко можат да си го дозволат нејзините врсници.
Наследничката на „Пинк“ империјата го обожува брендот Диор, а често го споделува тоа со следбениците на својот Инстаграм профил, а овој пат го искористи моментот истото да го направи додека леташе со приватен авион.
Додека во скут и седи кученцето, на раката таа има часовник кој чини вртоглави 44.300 илјади евра и е од брендот „Аудемарс Пигует“.
Инаку и нејзиниот свршеник обожува скапоцени часовници, а во една прилика Илија носел часовник со цена од 187.000 евра, пишуваат српските медиуми.
Тој е наследник на семејна компанија која се занимава со производство на ураниум, има приватен авион, обезбедување и приватни возачи кои го возат во скапоцените автомобили.