Тристан и Клои веќе имаат една ќерка, Тру, која е родена на 18 април 2018 година.
Клои Кардашијан ќе има бебе преку сурогат мајчинство со поранешниот Тристан Томпсон. Веста, која првпат беше откриена од TMZ на 13 јули, а потоа потврдена за „People“ од претставникот на Кардашијан, доаѓа само неколку дена откако почнаа да се шират гласини за нов мистериозен маж во нејзиниот живот.
– Можеме да потврдиме дека Тру ќе има брат или сестра кој е зачнат во ноември. Клои е неверојатно благодарна на својот сурогат за толку прекрасен благослов. „Би сакале да ве замолиме за вашата учтивост и приватност за да може Клои да се фокусира на своето семејство“, изјави нивниот претставник за медиумите.
Сепак, странските медиуми веќе пишуваат дека бебето кое наскоро ќе се роди е машко.
Тристан и Клои веќе имаат една ќерка, Тру, која се роди на 18 април 2018 година. Двајцата не се во врска од минатиот декември, откако беше откриено дека НБА играчот добива дете со Марале Николс, жената со која го започна односот со додека бил со Клои.
Кардашијан отворено зборува за нејзината борба да има второ дете.
– Сакам мојата ќерка да има брат или сестра. Ако тоа е божји план, напиша Кардашијан на Твитер во октомври 2021 година.
Неколку месеци претходно, во јуни 2021 година, Кардашијан рече дека била советувана да не забремени повторно.
– Докторката рече дека веројатно не е најдобрата идеја, повторно да забременам – рече таа минатата година кога беше снимен специјал по повод реемитувањето на нивното реално шоу.
Таа објасни дека потоа одлучила да бара сурогат, но дека една зделка пропаднала и додала дека тоа е многу тежок процес.