Откако се појавија социјалните мрежи и рекламирањето на нив во вид на таканаречената инфлуенсерска форма, голем дел од познатите лица станаа „подвижни билборди“. Секаде по светот, па и кај нас… Кој(а) повеќе, кој(а) помалку, а таа – најмногу…
Лила Филиповска, веројатно заради своите телесни и водителски квалитети, својата популарност, непосредност, комуникативност… и ред други, помалку или повеќе важни особини, е македонска кралица на онлајн рекламите.
Според она што може да се види, секој ден Лила рекламира некаков нов производ или услуга… Од козметика, облека, обувки, накит, телефони, храна или пијалаци… до козметички третмани, патувања, банкарски услуги, кредити… Лила стана дама, кај која се чека ред… за реклама! Тешко дека некој друг кај нас има толкава понуда и уште поголема лепеза на рекламни споделувања на своите профили на социјалните мрежи. Тоа значи дека ТВ водителката е на самиот врв, па прашање е, се може ли понатаму и до каде?
Лила со најновата објава покажа дека очигледно се може! Кога освен тебе, ќе почнат да ги бараат и оние околу тебе, а тие не ти се ни род, ни другари, ни пријатели, а сепак се твои…
За да ви биде појасно, доволно е да кажеме дека кога е инфлуенсерството во прашање, Лила повеќе не е сама, зашто и слика од нејзиното маче се најде на… пижама! А, на пижамата секако и името презимето на ТВ водителката, извезени на долниот дел, во пределот на левата препона од комплетот за спиење, а над нив во лежечка поза, онака налицкана и мила, сликана мачката на Лила!
Идејата некому случајно му паднала на ум или намерно ја ставиле во погон – ќе остане деловна тајна, но затоа наскоро ќе видиме дали потегот е само едно направано уникатно парче колку за реклама или ќе се тргне во масовно производство и продажба со ваквата пижама?