Кралицата на Бутан ќе ве воодушеви со природната убавина и интересните традиционални носии што ги обожава.
Кралицата на Велика Британија, Елизабета, има скоро 92 години и на тронот е веќе 65 години, што за некои луѓе е цел животен век.
Од друга страна пак, актуелната кралица на Бутан е најмладата кралица на светот. Gyaltsuen Jetsun Pema Wangchuck има само 27 години и е новата кралска сензација на социјалните мрежи.
Таа дојде на власт во 2011 година кога се омажи за кралот на Бутан Jigme Khesar Namgyel Wangchuck.
Нивната љубовна приказна наликува на бајка. Тие се запознаа кога Џецун имала само 7 години и била дел од пикник организиран за пријателите на кралското семејство. Таа воодушевена дека го видела во живо престолонаследникот кој тогаш имал 17 години, притрчала кон него и му рекла „Сакам да се омажам за тебе“.
Тој се насмевнал по што рекол дека така ќе биде кога ќе пораснат ако се заљубат еден во друг. На сите тоа им изгледаше како шега, но по 14 години станало реалност.
Со оглед на тоа дека нејзиното семејство е во блиски врски со кралското, таа секогаш била воспитувана во тој дух.