среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кога имаш милиони и само 25 години – вака го прославуваш роденденот: Со гламур ги прикрива големите животни проблеми

Кога имаш милиони и само 25 години – вака го прославуваш роденденот: Со гламур ги прикрива големите животни проблеми

Кајли Џенер го прослави својот 25-ти роденден во стил како што се очекуваше од семејството Кардашијан-Џенер.

Кајли е позната како најмладата милионерка во Америка, а за неа пишуваше и Форбс, прогласувајќи ја за личност која сама стигнала до милиони, работејќи напорно и посветено.

Половина свет знае колку е ова апсурдно, имајќи предвид дека Кајли потекнува од семејство кое „натрупа“ богатство благодарение на реално шоу, но и дека зад младата богаташка стои нејзината мајка Крис Џенер, позната и како „мамаџер“ – жена која направи бренд од нејзините ќерки. Нејзините бизнис идеи се генијални, поради што сите нејзини деца се брутално богати.

Било како, токму Кајли е позната во светот како најмладата и најбогатата од семејството Кардашијан-Џенер.

Вчера го прослави својот 25-ти роденден, полн со гламур и луксуз.

Денот го започнала со лежерен појадок со познатите сестри и најдобрата пријателка, додека прославата продолжила со огномет, забава и излегување со момчето.

Иако има само 25 години, Кајли веќе има две деца со момчето Травис Скот – ќерката Сторми и синот на кој накратко му го даде името Вук, но потоа се предомисли.

Мистеријата околу нејзиниот син и натаму трае, бидејќи Кајли никогаш не го покажа на своите многубројни Инстаграм и ТикТок објави. Додека ќерката Сторми секаде ја носи со себе, синот не го споменува од моментот кога го роди.

Сите се прашуваат дали детето е добро и дали Кајли со своите „гламурозни“ објави сокрива голем проблем кој го има со него.

По повод нејзиниот роденден, се огласи и нејзината мајка, Крис Џенер, која на социјалните мрежи сподели видео направено од фотографии на Кајли, наведувајќи колку е среќна поради своето „најбогато и највеликодушно дете“.

Најнови вести