Одамна не сме виделе толку лош стајлинг
Пејачката со албанско потекло, Бебе Реџа, се појави на модната ревија организирана од славните Доменико Долче и Стефано Габана во многу необичен стајлинг и предизвика лавина негативни коментари.
За оваа пригода, таа избра тесен фустан со змиски принт, со изразено деколте. Целиот стајлинг го заокружи со црвени сандали и, во најмала рака, чуден избор на фризура.
Модните критичари воопшто не беа воодушевени од целокупниот изглед, но ниту нејзините обожаватели, па негативните коментари само доаѓаа.
„На ваков настан не доаѓаш во вакво издание“, „Немаше полошо стилизирана жена синоќа“, „Под итно нека го смени фризерот“, меѓу другото можеше да се прочита на социјалните мрежи.