петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кога ја започнаа врска ги избриша сите проблематични фотографии, сега повторно провоцира – девојката на Роси не се откажува од танга

Кога ја започнаа врска ги избриша сите проблематични фотографии, сега повторно провоцира – девојката на Роси не се откажува од танга

Еден од најславните мотоциклисти во светот, Валентино Роси, моментално се наоѓа на летување во Хрватска, во друштво на неговата девојка Франческа Софија Новело.

На Инстаграм Роси објави неколку фотографии од Хвар, а објавите на неговата девојка открија дека уживаат во одморот.

„Едно од најдобрите искуства во мојот живот“, напиша 26-годишната манекенка.

Валентино Роси е повеќекратен светски шампион во мотоциклизам. Има освоено 9 шампионски титули и е еден од најуспешните возачи на мото трки на сите времиња.

Франческа е познат топ модел за рекламирање долна облека. Пред врската со 42-годишниот Роси, таа често објавуваше разголени фотографии, но како што стана нивната врска посериозна, така фотографиите беа отстранети од нејзиниот Инстаграм.

Парот се запозна на трка, а Франческа од 19 години почна да се појавува на светските мото трки, со што и започна нејзината кариера.

„Тоа беше работа како и секоја друга. Фаза во мојата кариера на којашто сум горда. Кога имате 19 години не е лесно да работите со луѓе кои ве гледаат во задник додека минувате или ве допираат по задникот додека се фотографирате. Мото-спортот е машка средина, затоа мора да бидете свесни на себе“, изјави во една прилика.

Најнови вести