Eлена Стојановска е урбана млада жена, мајка и сопруга која направи спој помеѓу двете свои големи љубови: радио и ТВ водителството и веќе со години трае таа нивна заедничка успешна приказна токму благодарение на нејзиниот искрен и професионален пристап.
Со овие зборови медиумите често знаат да ја опишат водителката Елена Стојановска- Јанковска со која гледачите го почнуваат утрото со утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“.
View this post on Instagram
Имено, освен на телевизија, обожавателите на Елена можат да дознаат нешто повеќе за нејзината приватност од социјалните мрежи каде се почесто објавува детали од својот живот надвор од студиото.
Изминатиот период таа на својот профил на Инстаграм се почесто знае да објави фотографии со својот сакан сопруг Огнен со кого е во брак осум години.
View this post on Instagram
Дека и по толку години жарот на нивната љубов е со истиот интензитет, покажуваат пофалбите на Елена упатени на сметка на сопругот. Па така, меѓу последните објави таа постави фотографија на која е нејзината љубов, а за истата напиша:
„Ахх, она кога маж ти е убав како турски глимец“ – му поласка Елена на сопругот, а потоа во коментари го спореди со Кемал- веројатно од турската серија „Карасевда“.
Па кој маж не би сакал вака да го фали сопругата?
Инаку, Огнен работи како видео аниматор, а од бракот со Елена ја имаат седумгодишната ќерка Илина.