Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ целото слободно време го поминува со своите деца Тара и Стефан, а нивните заеднички фотографии секогаш привлекуваат големо внимание кај корисниците на социјалните мрежи.
Сега вниманието го привлече видеото на кое Новак му прави палачинки за појадок на синот. Но, во нивното семејство не се јадат стандардните обични палачинки.
Новак прави здрави, без глутен, бидејќи се на специјална диета.
-Здраво на сите, еве сме во кујната. Правам палачинки без глутен, без додаден шеќер. Само за Стефан кој има две години и сака палачинки. Ова го правиме секое утро, рекол Ѓоковиќ, а потоа го открил и рецептот.
@novakdjokovicj🎾