Рада Рао е пејачка која редовно настапува на улиците во Бостон, а дел од нејзиниот репертоар е хитот на Џон Леџенд „All of Me“.
Последниве три месеци Рада секој викенд настапувала во исиот шопинг центар во Бостон, а на последниот настап имала вистинско изненадување – нејзината изведба ја слушал и Џон Леџенд.
Додека Рада ја пеела „All of Me“, околу неа имало толпа народ, кога забележала дека еден маж многу ѝ личи на Џон Леџенд.
„Здогледав маж со мантил, заштитна маска и неколку деца и си помислив ’Колку личи на Џон Леџенд‘. Не обрнав многу внимание на него, сè додека не ја извади маската и ми стана јасно дека тоа навистина е Џон Леџенд“.
Рада ја довршила песната, а Џон Леџенд ја ислушал до крај, а убавиот момент е овековечен и на видео. Пејачката самата сподели две видеа на кои се гледа како Џон со широка насмевка ја слуша неговата песна, а на крај ѝ остава пари и ја прегрнува.
„Благодарна сум што денес имав можност да пејам за неверојатниот Џон Леџенд и неговото семејство“, пишува во описот на објавата.
„Сакав да го продолжам убавиот момент. Продолжив да свирам и пеам и го дадов најдоброто од себе. Бев почестена што тој одлучи да остане, да ме ислуша и да го цени локалниот талент. Ова многу ми значи“, вели Рада.
View this post on Instagram