Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, едноставно изгледаат совршено заедно.
Војводата и војвотката од Кембриџ за поголем дел од луѓето се „обични луѓе“, пар којшто е идеал на љубовта, слогата и семејната среќа, па многумина ќе се зачудат кога ќе слушнат дека тие двајца одреден период не биле заедно, односно раскинале.
Исто така за многумина едноставно тешко е да го замислат принцот Вилијам со некоја друга жена освен Кејт. Сепак, можеби тоа можело да се случи доколку се поклопиле другите коцки во животот.
Пред Вилијам да ја запроси Кејт во 2010 година тој бил вљубен во познатата британска аристократка Изабела Калторп.
Изабела е ќерка на наследничката на банкарската империја на леди Мери Гај Курзон и Џон Анструтер Калторп, а нејзината сестра Кресида Бонас исто така била поврзана со кралското семејство со оглед на тоа што се забавувала со принцот Хари од 2012 до 2014 година.
Кралскиот експерт Кејти Никол ја споменал Изабела во својата книга „Вилијам и Хари: Зад ѕидовите на палатата“, па наговестила дека нејзината поврзаност со Вилијам довело до раскинување на Вилијам и Кејт во 2004 година.
„Многу му се допадна и сакаше да биде со неа. Неколку пати ја запросувал тоа лето, иако Изабела била сингл го одбила Вилијам и кажала дека тоа би било лошо за неа и нејзината кариера“, раскажал извор за „Дејли мејл“ во 2007 година.
„Таа има свое име и на пат беше да стане многу успешна. Од негова гледна точка, врската со Вилијам би и штетела“.
Никол додала дека Кејт и Вилијам размислувале да се смират, Кејт поставила услов за специфична врска.
„Тоа очигледно беше „одмор“ којшто на Вилијам му беше потребен до Божиќ кога веќе беа повторно заедно, но Кејт имала услов. Дознала за посетите на Вилијам на Изабела и инсистирала Вилијам повеќе да не контактира со неа“.
Меѓутоа, таквите наводи сепак биле само таблоидни и звучеле како „добра акција“ која би можела да најде место во серијата „Круна“ која се занимава со британското семејство.