вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кои се најплатените српски актери? Еден од нив за 39 дена заработил над 200.000 евра

Кои се најплатените српски актери? Еден од нив за 39 дена заработил над 200.000 евра

Барем дел од овие актери имаат играно во некој од вашите омилени филмови или серии. Маестрални во нивните изведби независно дали на филмското платно или на штиците кои живот значат, покрај големиот талент овие српски актери може да се пофалат и со одличната заработка.

Титулата за најплатен актер според истражувањата на српските медиуми оди во рацете на маестралниот Мики Манојловиќ. Која е висината на хонорарите кои ги добива актерот се деловна тајна, но сепак се знае дека Мики Манојловиќ е најплатениот актер во Србија, пишува српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ringispilemocija (@ringispil_emocija)

Титулата за најплатена актерк и припрана на Милица Милша благодарение на улогата на Ада Каначки во теленовелата „Игра на судбината“. Милица на снимање поминала дури 23 месеци, но од таа серија заработила и неверојатни 227.700 евра, пишува српски Блиц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Milša (@milicamilsaisakovic)

По Мики и Милица следат уште пет актери кои се постојано на врвот на оваа листа, но најважно нивните хонорари не се тајни.

Милош Биковиќ

Покрај тоа што беше на врвот на славата и стана омилен актер што припаѓа на помладата гарда, Биковиќ стана и најбараниот актер, а со тоа и најплатен. Зад себе веќе има еминентни актерски улоги, додека пред него е светла иднина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

Освен во Србија, Биковиќ е многу баран и на рускиот пазар. По серијата актерски улоги што ги направи во Русија, актерот доживеа глобална популарност. На снимањето на филмот „Слугата“ за еден ден на снимање добил околу 5.200 евра. Снимањето на филмот траело 39 дена, па ако тоа се земе предвид Биковиќ заработил над 200.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

Александар Берчек

Актерот зад себе има богата кариера и долгогодишно искуство, па не чуди што се наоѓа на листата на најплатени. Наводно, хонорарот за ден на снимање му е и до 3.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zarko Manojlovic (@zarkomanojlovic)

Бранка Катиќ

Актерката живее и работи во Лос Анџелес, а познато е дека хонорарите за глума таму се далеку поголеми од нашите. За една епизода од серијата Бранка заработува и до 15.000 евра што ја прави една од најплатените актерки.

Аница Добра

Аница заработува и до 35.000 евра по филм. Актерката главно снима германски филмови, а во нејзиното резиме има повеќе од 10 успешни германски филмови.

Марија Каран

Актерката за епизодната улога во филмот „Rite“ заработи околу 5.000 евра. Голем успех доживеа со улогата во споменатиот филм, бидејќи се најде покрај познатиот Ентони Хопкинс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Karan (@marija_kara)

Во оваа категорија може да ги сместиме и незаменливите Никола Ѓуричко, Вук Костиќ, Драган Бјелогрлиќ, Никола Којо, Мирјана Карановиќ, Сека Сабљиќ, Небојша Дугалиќ, Наташа Нинковиќ и многу други маестрални имиња.

Хонорарите по ден на снимање се во просек околу 1.500 евра, додека познатите актери земаат многу повеќе. Висината на хонорарот зависи од самиот проект, договорите не се толку транспарентни, додека ситуацијата во театарот е нешто поинаква.

Платите на актерите во театарот, под услов да бидат постојано ангажирани, изнесуваат од 50.000 до 80.000 динари. Актерите со скратено работно време земаат многу помала сума, која се движи од 2.000 до 30.000 динари по улога.

 

извор: slobodenpecat.mk

Најнови вести