Леонардо ди Каприо (48) уживал на вечера со Викторија Ламас (23) во Холивуд за која наголемо се пишува дека е неговата нова девојка.
Ди Каприо има репутација дека секогаш е во врска со девојки помлади од 25 години, а по вечерата со Викторија почнаа гласини за нивната романса.
Младата актерка потекнува од познато семејство, а нејзиниот татко Лоренцо Ламас бил актер, најпознат по улогата во серијата „Falcon Ridge“.
Многу интересен факт за Викторија е дека таа е родена две години по премиерата на филмот Титаник во 1997 година, кој го лансираше Ди Каприо меѓу ѕвездите.
Да потсетиме дека Ди Каприо неколку години беше во врска со Камила Мороне, со која раскина оваа година кога таа го прослави својот 25 роденден.