четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Која е вдовицата на Силвио Берлускони?

Која е вдовицата на Силвио Берлускони?

Почина Силвио Берлускони, поранешен италијански премиер и мајстор за скандали. Дури ни една година пред смртта не се смири, туку како вистински Италијанец, го преврти светот поради љубов.

Минатата година организира „симболична венчавка“ што го чинела 400.000 евра, кога пред олтарот ја доведе Марта Фашина, 33-годишна пратеничка од неговата партија.

Марта и Силвио биле во врска уште од 2020 година, откако Марта му пишувала долги љубовни писма, па Силвио немал друг избор освен да ја остави тогашната девојка со која бил 12 години во врска.

Марта не излегувала од неговата вила, па неговата тогашна девојка Вероника, сфатила колку се два и два и се повлекла, отстапувајќи ѝ го својот партнер на друга.

Додека тој среќен блескал покрај својата нова млада сопруга, неговите пет деца биле огорчени, бидејќи мислеле дека сето богатство ќе ѝ припадне токму на Марта, па затоа му забраниле да направи вистинска церемонија за венчавање. Иако Марта не била среќна што венчавката е само „симболична“, сепак, се облекла како да станува збор за вистинска свадба. Според некои извори, носела венчаница вредна 20.000 евра.

За време на церемонијата на венчавката, Берлускони ѝ кажал на својата сопруга:

„Ти ме исполнуваш, не би можел да живеам без тебе.“

Се зборува дека неговите наследници нема да ѝ дадат ни цент на Марта од големото богатство на Силвио Берлускони, кое се проценува на 5 милијарди долари.

Која е Марта Фашина?

Марта Фашина со години била опседната со ликот и делото на Силвио Берлускони. Таа, наводно, ги има истетовирано неговите иницијали на грбот.

Во парламентот, противниците ја критикувале со зборовите:

Но на Марта тоа не ѝ пречело. Родена во приморски град на југот на Италија, госпоѓата Берлускони дипломирала книжевност и филозофија на Римскиот универзитет и почнала да работи за фудбалскиот клуб Милан како службеничка во односите со јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marta Fascina (@mf9milan)

Во тој период, клубот бил во сопственост на Берлускони и таа редовно била во контакт со него.

Својата политичка кариера ја започнала со пишување низа статии за весниците која поддржувале „Форца Италија“, политичка партија што ја основал Берлускони во 1994 година, кога првпат бил избран за премиер.

Колегите ја опишуваат како „едноставна, но слатка“ личност во италијанскиот парламент. Таа ретко гласа и не се обидела да се вмеша во политичките прашања кои се дискутираат за време на актуелниот парламентарен мандат.

Била воодушевена од Силвио Берлускони и никогаш не ѝ пречело што тој е 53 години постар од неа!

Најнови вести