среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Колабирала во бањата во својот дом, а потоа не се разбудила од кома – почина актерката од шпанските сапуници која ја паметат особено Македонците

Колабирала во бањата во својот дом, а потоа не се разбудила од кома – почина актерката од шпанските сапуници која ја паметат особено Македонците

Кармен Салинас, ѕвездата на мексиканските сапунски серии како „Триумф на љубовта“, „Помеѓу љубовта и омразата“ и „Марија Мерцедес“, почина на 82-годишна возраст, пренесува ABC7.

Семејството на актерката за немилиот настан ја информираше јавноста на социјалните мрежи. Тие рекоа дека Салинас починалa во четвртокот.

Во соопштението се вели и дека подоцна ќе ја информираат јавноста за времето и местото на последното збогување. Семејството им се заблагодари на сите фанови за бројните пораки за поддршка.

Салинас беше хоспитализирана минатиот месец откако доживеа мозочен удар и колабираше во бањата од нејзиниот дом. Оттогаш таа била на интензивна нега во болницата во Мексико Сити.

Кумот на актерката, Хорхе Нието, тогаш изјавил дека Салинас е во кома од која нема да се разбуди.

– Ја посетиле тројца невролози и се договориле дека мозочниот удар направил голема штета. Она што ни го кажуваат е дека повеќе нема да се разбуди, но чекаме какво било чудо, се може да се случи – рекол Хорхе, а пренесува Мемесита.

Најнови вести